Време е за плажа, спакувајте пешкир и крема за сонце
Секое лето, штом сонцето
почне да грее поинтензивно, време е да ја подготвиме кожата и да ја заштитиме
од сонце. Особено чувствителната и сува кожа бара дополнителна нега и заштита
од штетните УВ зраци.
Кремата на Еуцерин Sun Sensitive Protect Крем за лице со SPF 50+ е одличен избор за сите оние со чувствителна и сува кожа, па дури и за оние кои имаат атопичен дерматитис. Со Advanced Spectral Technologyѓовој крем комбинира УВА/УВБ филтри и Ликохалкон А за многу висока УВ заштита, како и заштита од високоенергетска видлива светлина (HEVIS) која предизвикува оштетување на кожата. Дополнително, глициретинската киселина го поддржува сопствениот ДНК-регенеративен механизам на кожата.
Овој крем за лице е клинички и дерматолошки докажан како многу добро поднослив за чувствителна кожа. Без мирис и со лесна, кремаста текстура која брзо се апсорбира, оставајќи ја кожата без мрсни остатоци, тој е совршен за секојдневна употреба и за под шминка.
За да го искористите максимумот од кремата за сонце, нанесете обилно пред изложување на сонце и повторувајте го нанесувањето редовно, особено по пливање, потење или бришење со пешкир. Редуцирањето на количината значително го намалува нивото на заштита, па бидете сигурни дека сте нанесле доволно крема.
Обичните кремови за сонце често целосно го губат својот ефект по излегување од вода и бришење со пешкир, што може да ја намали нивната заштита и да предизвика потреба за често повторување на нанесувањето. Но производот на Еуцерин Sun Sensitive Protect SPF 50+ е специјално формулиран за да остане ефикасен дури и по контакт со вода. Овој крем е водоотпорен и обезбедува континуирана заштита, овозможувајќи и на кожата да остане заштитена и здрава, без потреба од постојано повторување на нанесувањето.
Со овој производ кожата истовремено и се негува, овозможувајќи на секој човек да си ужива во летото без грижи. Па, време е за плажа… не заборавајте го пешкирот и кремот за сонце.
ПР објава