Времето денеска: Сончево, но ветровито

Во нашата земја денеска се очекува сончево време, со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер кој на места ќе надминува брзина од 70 км/час.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени. Во Скопје и околината слично време, со температура до 26 степени. Во следните денови се очекува температурите да бидат во пораст.