Моден фокус // Трендови
Омилените чизми на Северина: Универзален модел кој го освои светот, лесно достапен и овде
Северина е една од регионалните ѕвезди која често е наша модна инспирација
Пејачката Северина Вучковиќ овој пат не почести со фотографија од Словенија.
Навикнати сме таа да не изненадува со нејзините модни изданија, па овојпат позираше во провокативно трико со голем појас и мрежести чорапи за уште посекси изглед. Јасно е дека оваа комбинација не е за секој ден и е резервирана за ѕвезди и уметници, но сепак, чизмите кои пејачката ги избра може да ги носат сите и можат да се комбинираат на милион начини.
Имено, Севе има класичен модел на црни шпиц чизми кои се облекуваат како чорап, а во последните месеци ги преплавија сите продавници и социјални мрежи.
Не постои трендсетерка која не ги поседува, бидејќи се совршени за комбинирање, со оглед на тоа што се доволно елегантни што не ви треба ништо покомплицирано за комбинирање со нив, доволен е едноставен избор.