„За џабе“: Создадете вистинска есенска атмосфера во вашиот дом

Eсента ни пристигна, наскоро улици ќе бидат покриени со лисја во прекрасни и топли нијанси на црвена, жолта и кафеава боја, кои отсекогаш ги инспирирале уметниците, а можат да ве инспирираат и вас! 

Следниот пат кога ќе одите на прошетка со вашите мали, забавувајте се собирајќи најубави примероци од лисја и потоа искористете ги за украсување на вашиот дом. Можете да ги исушите лисјата, а потоа да ги насликате, да ги закачите на конец и да ги ставите на прозорец или во детска соба како убав есенски детаљ. Можете исто така да пополните проирна вазна со лисја, а ако додадете ламби во или околу неа, ќе добиете одличен декоративен елемент за маса или полица.
Ставете го листот во книга и оставете го да стои под тежината на другите предмети, а потоа врамете го подоцна и закачете го на ѕидот. 

Во галеријата ви претставуваме примери од украси направени со есенски лисја кои можете да ги искористите за да создадете вистинска есенска атмосфера во вашиот дом!