За една година изгуби 60 килограми: Американка ја откри тајната на чудесната трансформација

Вивијан Мекол од Њу Мексико почнала да бара утеха во храната откако ги изгубила двајцата родители, па јадела само брза храна и пиела газирани сокови.

За само неколку месеци, таа се здебелила скоро 120 килограми и наишла на нови проблеми.
Моментот кога не можела да седне на авионското седиште, таа решила да го промени својот живот и да започне да вежба, со цел да го изгуби вишокот килограми.

- Барав утеха во храната, ретко пиев вода. Прескокнував појадок и гладував до ручек, а потоа јадев во ресторани за брза храна за ручек - вели Вивијан.
Истото беше и за вечера. Покрај тоа, јадев многу грицки помеѓу оброците.

Нејзината одлука да слабее дошла во септември 2019 година, кога не можела да седне на авионското седиште додека патувала за Калифорнија. Тогаш решила да го смени животот и навиките и да започне интензивно да работи на губење на вишокот килограми.

За само една година, Вивијан успеа да изгуби скоро 60 килограми и да достигне тежина од 67 килограми.


- Сега одам во теретана шест дена, а во недела одмарам. Сакам да кревам тегови и имам кардио тренинг најмалку половина час секој ден. Исто така, трчам пет километри три вечери неделно - рече Вивијан.

Освен што одела во теретана, таа ја променила и исхраната. Јаде секој ден во исто време, без грицки, газирани сокови и брза храна, а исто така исфрлила и глутен. За разлика од многумина кои се обидуваат да ослабат, Вивијан имала резултатити за краток период. Таа намалувала по 20 килограми на секои три месеци.

- Само се обидувам да бидам подобра секој ден. Имам вишок кожа околу стомакот, но користам масло за тоа. Кожата ми се стегнува, а стриите полека исчезнуваат - рекла Вивијан.

извор: dnevno.rs