За мрзливи денови: 3 фризури со кои косата никогаш нема да ви изгледа измастена
Неколку предлози за оние денови кога едноставно не можете да се натерате да ја измиете косата!
Сè што ви треба е четка за коса, спреј за коса и сув шампон за миење на коса!
Messy bun (разлабавена пунџа)
Оваа пунџа е одличен избор за секој ден, и за секакви прилики! Може да си играте со висината на пунџата, како и прамените кои го обликуваат лицето...
Холандски плетенки
(научете да ги правите самите со помош на оваа видео)
Две плетенки, т.н. Холандските плетенки, беа тренд неколку сезони, одлични за повеќе прилики и откако ќе научите да ги правите, ќе ги обожавате во деновите кога вашата коса почнува да се масти.
Марама во коса
Марамите се најпопуларен и најбаран додаток ова лето, а со тоа и најдобриот начин за прикривање на мрсна коса. Можете исто така да надополнете со впечатливи шноли.
(ФОТО) Одговараат на секоја форма на лице: Три летни фризури кои лесно се одржуваат