За неподносливоста помеѓу снаата и свекрвата: Кога отров се крие во срцето на една жена ...

Само треба да го отворите срцето

Кога се омажила, невестата отишла да живее во куќата со семејството на нејзиниот сопруг, како што диктирале обичаите. Сепак, сè било ново и некако поинакво. На младата жена најмногу и пречела свекрвата, која се грижела за куќата и семејството. Сè морало да биде нејзино.

Што и да направела, младата жена не било во ред. Свекрвата постојано ја следела и го корегирала она што невестата го правела.

Едно утро младата жена решила да оди кај гатач кој живеел во предградието на селото.

"Што те носи кај мене, убавице? Сакаш љубовна напивка?" ја прашал гатачот.
"Не ми треба напивка за љубов, јас веќе имам сопруг. Свекрва ми ми пречи. Те молам направи нешто за да ја отрујам", извикала младата жена.

Гатачот ја погледнал внимателно, а потоа рекол: "Ќе ти ги дадам овие билки за од нив да и правиш чај секое утро. Никој не треба да се сомнева дека ја труеш, затоа спрема неа треба да бидеш љубезна. Ова ќе потрае неколку месеци, но за да ги растераме сите сомнежи".
Жената ги зела билките и заминала среќно. Секое утро станувала пред сите во куќата, месела леб, ја чистела куќата, правела чај за свекрвата.

Гледајќи колку напорно работи, свекрвата станала нежна и љубезна кон младата жена. Како што минувале месеците, двете жени станале пријателки.

Еден ден, младата жена очајно се стрчала кон гатачот, молејќи го да и го даде противотровот: "Те молам, очајна сум. Мојата свекрва ми стана многу блиска, не сакам ништо лошо да и се случи!" извикала младата девојка.

Гатачот и одогвоорил: "Не грижи се. Јас ти дадов билки, а не отрови. Целиот отров беше во твоето срце, но со Божја помош - ти се ослободи!".


Извор: stil.kurir.rs

Фото: Shutterstock


Можеби ќе ве интересира:

Kога женскиот орел избра партнер, таа внимава на едно: Лекција што секоја жена мора да ја научи!

Ех да можев да бидам птица на еден ден