За првпат ги покажа синовите: Бремената Бергузар Корел со семејството ужива во Чешме (ФОТО)

Бергузар Корел и нејзиниот сопруг, актерот Халит Ергенч, оваа година летото го минуваат во најзападниот приморски град во Турција - Чешме. Парот, кој го очекува своето трето дете, беше забележан како се забавува на плажа во Чешме со своите деца Али и Хан. 

Фото: haberturk.com

Корел постојано беше заедно со Хан, кој е роден минатата година. Тие им пркосеа на брановите кои надоаѓаа кон брегот, додека постариот син, 12-годишниот Али, поголемиот дел од времето го поминуваше пливајќи со својот татко. 

Фото: turkhaber.com

Само пред неколку недели Корел и Ергенч гордо изјавија дека очекуваат девојче кому ќе му го дадат името Лејла. „По тешкиот период кој го имавме изминатата година, на оваа бременост гледаме како на голем благослов.“, вели Корел, која често споделува фотографии на кои се гледа дека ужива во бременоста. 

На прашањето за тоа како ја поминува бременоста, Корел изјави: “Претходните пати додека бев бремена со момчињата, 9-те месеци беа потешки и поболни. За сега бременоста ми е удобна и се надевам дека ќе продолжи вака.“

Додека Корел ужива на плажа со своето семејство и одмара од тешките денови на сет, нашата публика не го заборава нејзиниот моќен перформанс како судијката Фериде во „Карадај“. 

Фериде е позната и остра судијка на Судот во Истанбул. Нејзе ѝ е доделен случајот на таткото на Махир Кара, Назиф Кара. Додека Махир (Кенан Имиралиоглу) храбро се бори против неправдата претставувајќи се како лажен адвокат, Фериде се вљубува во него без да знае дека тој е син на Назиф. 

„Карадај“ се емитува секој ден во 21:20 на Dizi