За жени во зрели години: Ненадминливи модни изданија на Шерон Стоун

Таа е жена со непогрешливо чувство за мода.

 Шерон Стоун им одржува часови по мода на жените ширум светот со секое ново издание. Иако оваа година го прослави својот 62-ри роденден, таа не се откажува од своите младешки комбинации, а мора да признаеме дека ѝ стојат одлично.

Со секој стајлинг привлекува многу внимание и само позитивни критики.

Покрај совршениот стил, таа може да се пофали и со совршена линија и младешки изглед. На прашањето како успева да изгледа толку добро, таа вели: „Јас не јадам вештачки третирана храна, не пијам кафе и многу ретко консумирам газирани пијалоци и алкохол“, рече славната русокоса и додаде: „Но затоа јадам месо, темно чоколадо и додавам шеќер во чајот без проблем, ако посакам“.

 Актерката неодамна зборуваше на темата стареење и им испрати силна порака на жените.

„Сега се чувствувам посигурна од кога и да е. Со текот на годините станав селективна за тоа со кого го поминувам времето и повеќе не сум опседната со својот изглед. Идејата за вечна младост е мит и би сакала да го научев ова многу порано“.

фотографии:Profimedia
извор:stil.kurir.rs

ГАЛЕРИЈА: