ЗАБАВА
Марко беше одушевен од поканата. Сакав да прошетаме и да ги запознам пријателите на Марко. Рано утрото се спакувавме и чекавме Весна и Боро да се разбудат. Слеговме в кујна, направивме кафе и сендвичи и седнавме на масичката на терасата за да ги гледаме изгрејсонцето и зеленилото. За кусо време, се придружија Весна и Боро. Пиевме кафе и Боро предложи да тргнеме, а Весна рече дека ќе оди на плажа за да го искористи утринското сонце. Боро нè остави на закажаното место, кое беше преполно со многубројни туристи, спортисти, едриличари. Ги пронајдовме Давид и Анастасија, кои заедно со другите едриличари беа подготвени за натпревар. Ова беше меѓународен студентски натпревар и имаше пријавено многу екипи.
Ако не дојдевме денес, никогаш немаше да ја дознаеме оваа магична комбинација на сини и зелени нијанси натрупана на толку мал простор, со илјадници детали и мотиви. Таа би била убава сама по себе, дури и ако на неа никогаш не се населило човечко население.
Дури и урбаната архитектура совршено се вклопува во природата без да му наштети некому, а сигурно ќе продолжи и понатаму. Бидејќи разни народи минале низ заливот во различни епохи, сите оставиле трага на културно наследство, кое сè уште гордо се носи денес. Со Марко бевме воодушевени од овој колоритен спој на сè. Овој залив на домородците им е наследено природно богатство.
Почна натпреварот. Некои ги бодреа и одеа и подалеку. Јас и Марко ги чекавме шетајќи по брегот на овој прекрасен залив, воодушевувајќи ѝ се на природата која овде се укотвила на еден убав, посебен начин.
Натпреварот заврши и екипата на Давид зеде второ место. Давид имаше интересно друштво. Се радуваа, рипаа, се гушкаа, скандираа додека го чекаа прогласувањето на наградите и делуваа многу пријатно. Сите беа на наша возраст, забавни и искрени со нивните чувства. Ги прогласија победниците и потоа, заминавме во хотелот каде беше сместена целата екипа. Собата на Давид и Анастасија беше убава со голема тераса. Седнавме на терасата. Марко и Давид си разговараа искрено и течно како да се виделе вчера и сега го продолжуваат разговорот.
За време на ручекот, седнавме со другите заедно за да се запознаеме. Се договараа за вечерната забава, која беше приватна на јахта закупена за вечерта. Попладнето се одморивме и подоцна се облековме и заедно отидовме до јахтата, која беше малку погоре од плажата. Кога се приближивме кон јахтата, имаше гласна музика. Излеговме на палубата и забележав дека сите пиеја алкохол, а тоа, веднаш, не ми се допадна. Почнаа да играат. Првпат бевме на ваква забава.
Во еден момент, прекина музиката и сите застанаа. Се појавија две девојки во бикини, кои со кошници во рацете застанаа на сред палуба. Една собираше пари, а другата делеше бројки за лотарија. Ги објаснија правилата на игра. Забележав дека останатите ги знаеја правилата и сакав да видам како ќе се одвива понатаму. Наградите се состоеја од играње танц со некого или замена на парови во игра и беше интересно. Кој како ќе добиеше награда, сите ракоплескаа.
Додека пак, главната игра се состоеше од играње стриптиз со некого. Имав претчувство дека ќе ми се падне мене и ми се оствари по некоја минута. Ме прочитаа заедно со еден мускулест, висок, млад човек, а му се обраќаа со капитен. Не знаев што да правам затоа што ова ми беше сомнително и морав да се сконцентрирам и да размислам како да се снајдам и да заминам од овде.
Но, одлучив, ќе бидам мирна, храбра и мудро ќе се однесувам. Има моменти кога доаѓаш до работ на провалијата, мора да се дојде до некое решение.
Пуштија музика. Го прегрнав. Почнав да танцувам слободно нишајќи со колковите во ритам со музиката. Неговото набилдано тело ме предизвикуваше да се залепам до него, но јас почнав да се виткам како змија. Сите беа изненадени од мојата подготвеност. Го подигнав моето мини здолниште и сите ми ги видоа убаво обликуваните нозе, чорапите со подвезоци и црните танга-гаќички. Потоа, се завртив кон него и со страст почнав да му ги соблекувам панталоните. Му ги откопчав и го фатив за неговиот набрекнат „орган“ и продолжив сè додека не ги извадив панталоните. Ги фрлив во публиката и тој остана по боксерки.
Тој веднаш изреагира прегрнувајќи ме со рацете околу моето здолниште и почна да го откопчува патентот. Здолништето падна на земја, но бев свесна дека сум заводлива и станав посмела. Со јазикот му го допирав лицето и го дразнев уште повеќе. По некое време, со рацете почнав да си ги допирам тврдите гради, кои само што не рипнаа од мојата проѕирна кошула. Сите ракоплескаа бидејќи делував како вистинска стриптизета.
Со рацете галејќи ме, ме допираше по кошулата и ги откопчуваше копчињата едно по едно, полека, како да сме сами. Ги полудивме останатите. Свиреа со уста, дофрлувајќи разни зборови. Кошулата ја фрли низ публиката. Останав по гаќички и градник, а тој по боксерки. Цело време не го испуштавме ритамот на музиката. Кога дојдов до крајот, се обратив кон сите: „Јас сум првпат со вас и до тука е мојот стриптиз, а сега би сакала да видам друг пар како изведува стриптиз. Следен пат ќе продолжиме со играва и ќе изберете победник“. Со овој мој потег ги изненадив неочекувано и сите се согласија. Веднаш ги облеков алиштата. Од некаде, Марко се створи пред мене. Девојките задолжени за лотаријата прочитаа друг пар. Кога започнаа стриптиз, го фатив Марко за рака и слеговме од јахтата незабележано.
АНОНИМНА