Забава во време на коронавирус: Британската полиција во апсолутен шок

Полицијата во Дерби, Велика Британија растури „масовна“ забава на караоке во период на коронавирусот.

Полицијата останала во „апсолутен шок“ кога открила  група од 25 возрасни и деца кои одржувале „масовна“ забава на караоке, притоа кршејќи ги наредбите за социјална дистанца за време на пандемијата на коронавирус, се вели во извештајот.

„Јасно е дека луѓето сè уште немаат целосно почитување на советите и правилата на Владата“, соопшти полицијата на Твитер.

Групата беше „растурена“ , рече полицијата, споделувајќи слики од софра со храна.