Забава за дедо Митко со внуките: Таткото на Гавазова никогаш не бил посреќен – Еве и зошто

Фолк – пејачката Сузана Гавазова му приреди изненадување на нејзиниот татко Митко, за роденденот.
Неговите внуки Емили и Селена заедно со дедо Митко се радуваа додека ги дуваше свеќичките со број 73.
„Среќен роденден татко. Да си ни жив и здрав. Тројката свеќа се скрши. 73 години татко. Да ти се множат годините. Среќен роденден“, напиша Гавазова.
Со овошната торта од јагоди, малини и боровинки, внуките го изненадија дедо Митко кој весело танцуваше, додека ги дуваше свеќичките.
Пејачката не пропушта да им приреди изненадувања на родендените на нејзините родители. Минатата година кога нејзината мајка Руса го славеше 71. роденден, беше вистинско уживање за очи.
Родителите на пејачката беа облечени во традиционална арапска носија, Руса носеше абаја, додека нејзиниот татко Митко беше облечен како шеик.
Фото: Инстаграм
РЖМ