Зад фотката се крие приказна која ќе ги растажи сите кои ја сакаа Елизабета II: Омиленото пони на кралицата на погребот носеше посебен детаљ

Еден детаљ на погребот на Елизабета Втора, на 20 септември 2022 година, многумина го пропуштија, а токму овој ги спојува работите што кралицата толку многу ги сакаше.

Саканото пони на кралицата Карлтон Лима Ема го носеше омилениот шал на Елизабета Втора на седлото за време на погребот.

Идентичниот шал кралицата го носеше, меѓу другото, додека го јаваше истото црно пони во теренот на замокот Виндзор во 2015 година. На последното испраќање на британскиот владетел имаше симболика на секој чекор.

А понито на кралицата стоеше пред замокот за да ја гледа поворката. На погребот во Виндзор се видени и коргиите на кралицата, Сенди и Муик, пишува „Дејли мејл“.

Четирите коњи видени на погребот, исто така, имаат посебна врска со кралското семејство, бидејќи тие се меѓу осумте коњи што и ги подари кралската канадска коњичка полиција во 1969 година на кралицата, пишува лондонскиот Тајмс. Четири од тие коњи ја водеа поворката од Вестминстерската опатија до Виндзор.

Елизабета Втора обожавала спортови со коњи, а имала само четири години кога станала сопственичка на коњ. За време на нејзиното владеење, имаше стотици животни од овој вид.

Британската кралица почина на 8 септември во Балморал, на 96-годишна возраст.


Извор: жена.блиц.рс

Фото: Screenshot Instagram