Зад ликот на Марта се крие вистинско девојче, но со друго име: ГОРЈАН ПЕТРЕВСКИ со ексклузивно интервју за Hashtag.mk

Добивај вести на Viber

Децении наназад е најчитан автор за деца и млади во Македонија, тоа е човекот кој најемотивнно знае да ги одгатне тинејџерските тајни и да ги раскаже приказнините за младоста - Горјан Петревски, „таткото“ на романот „Марта“.  Тој за Hashtag.mk открива ексклузивни факти за 20. издание на романот „Mарта“, за неговото продолжение „Другата Марта“, но и досега нераскажани приказни за тоа како се настанати неговите најчитани романи..

* Вие, со децении наназад, веќе проверено пред читателската публика, сте најчитаниот автор за деца и млади во Македонија, па оттука и прашањето, колку е тешка и одговорна оваа титула?

- Благодарам, за „титулата“ што ми ја доделувате - „најчитан“, која, морам да признам, ми прозвучува колку збунето, толку и возвишено. Уште повеќе сериозно и обврзувачки, а најмногу одговорно и со почит пред „праведниот суд“ на читателите со кој, ако се стекнеш, мораш да го одржуваш и да го сочуваш, да го градиш и да го надградуваш. Штом веќе си поставил сигурен темел, на некој начин, си ја изнашол и формулата на успехот, си проверил и си научил како да сметаш и да пресметуваш, ама и да внимаваш да не згрешиш, зашто читателите, сепак, не умеат да простуваат и бараат од тебе да им го понудуваш она на кое навикнале да го добиваат. Одговорност, барем кај мене, како што наведов, несомнено, постои. Но, уште од самите почетоци, кога се појавив како автор, па сѐ до денес, околу мене имало и сѐ уште има и „зла крв“ на штетници кои можеби не се реализирале како што се надевале и, без потреба, си предизвикал некаква завист, та одвај чекаат да паднеш, да ти го видат крајот. Сум имал и се уште имам такви подјадувања и од оние, подалечните, но најмногу од оние што биле блиску до мене, а ме напаѓале подмолно и анонимно, но и отворено, со пакост. Ама, колку и да е парадоксално, не им успевало да ме сопрат, туку само ме предизвикувале и ме влечеле напред и никогаш немале влијание кај читателите. Зашто, ако ја имаш и ако умесно и искрено ја одржуваш довербата кај публиката, верно те бранат, стојат зад тебе и ништо нема да ги поколеба. А јас, на моја среќа, ја имам, настојувам да ја сочувам и како раскажувач да им ја возвратам љубовта. Тие тоа го чувствуваат и не ме напуштаат. 

Целото интервју прочитајте го на HASHTAG.MK