Задолжително мора да ги имате на велигденската трпеза: 10 намирници и нивното значење

Постојат многу обичаи поврзани со најголемиот христијански празник. На Велигден, целото семејство оди во црква на света литургија, а после службата официјално се поздравува со: Хрисотс воскресе! Навистина воскресе! Овој поздрав практично се користи до Спасовден. По враќањето од црква, се оди дома на празничен свечен ручек на кој задолжително мора да има:

1. Мед – ги симболизира апостолите. Сите тие, како Исусови пчели, го делеле Евангелието на различни страни.

2. Јагнешко месо – го симболизира Господ, роден во штала помеѓу мали прогонети јагниња. Тој е жртвено јагне кое стрпливо ги поднесувал маките.

3. Говедско месо – го симболизира човекот (мудрост), лав (храброст), вол (правда), а тие се животните коишто светиот апостол Јован Богослов ги видел во своите визии.

4. Фарбани јајца – тие се најголемиот симбол на овој празник и означуваат пролетно будење на животот.

5. Леб – на трпезата мора да има леб, кој го симболизира Господ.

6. Квасец – тоа е симбол на небесното кралство. Затоа велигденскиот колач се прави задолжително со него.

7. Сол – симболизира вистински христијанин кој им помага и ги води останатите во добро. Душата која се соли со Исусовото учење, не подлегнува и не греши.

8. Вино – претварањето на водата во вино симболизира чудесно претварање на обичниот човек во небесен. Виното е симбол на Исус, а виновата лоза е симбол на следбениците.

9. Грозје, смокви – симболи на добрите луѓе.

10. Риба – ова е симболот на сите луѓе. Ловот на рибата означува лов на човечката душа за Божјото царство.