Задоволниот клиент и успешно завршената продажба ми се омилениот дел од работата: Разговор со Александра, презентер и продавач на најпрестижните брендови за часовници и накит во Божиновски
Александра Ристовска веќе 3 години е дел од тимот на добро познатиот бренд за Божиновски часовници и накит како менаџер на продажниот салон на Улица Македонија.
Брендот Божиновски часовници и накит веќе 25 години создава вредности, доверба и квалитет, кои секојдневно ги пренесува на сите свои клиенти преку инвестирање и грижа за своите вработени, обединувајќи ги луксузот, убавото живеење, стилот и луѓе. Од 1996 година, започна со работа во Битола и наскоро ја прошири продажната мрежа во Скопје. Покрај сопствените пет салони, Божиновски ги нуди своите производи преку мрежа на агенти и франшизи низ Македонија.
Александра ќе не запознае подетално какво е искуството секојдневно да се биде во контакт со прекрасниот свет на часовници и накит, новитетите, карактеристиките и дизајнот на безвременските парчиња на Omega, TAG Heuer, Breitling, Longines, Hamilton, Tissot, Calvin Klein, Swatch.
* Александра како се одвива едно секојдневие на твоето работно место опкружена со луксузни часовници и модерен накит?
- Во Божиновски секој работен ден е нов предизвик кој со задоволство го прифаќам. Луксузните часовници и накит ми овозможуваат мене и на мојот тим поглед кон прекрасниот свет на часовничарството и работа со најпрестижните брендови во Македонија. Воедно, да се биде во постојан контакт со овие врвни брендови, сметам дека е огромна привилегија која не е достапна секому.
* Каков тип на обуки користи вашата компанија за да ве подготви за презентација и продажба на часовниците и накитот?
- Обуката која ја добиваме е по швајцарски стандард, преку онјалн академии и семинари, секојдневни тренинзи и обуки за часовниците и накитот преку story telling принципот. Со помош на овие алатки се изградуваме како професионалци за продажба на бредновите кои се достапни во Божиновски.
* Колку брзо успеа да ги совладаш и научиш техничите карактеристики на производите?
Техничките карактристики на производите ги совладав многу брзо, но учењето никогаш не престанува бидејќи светот на часовничарството е богатсоисторијана која брендовите се горди, а љубопитноста е секој ден се поголема за осознавање на нови информации.
* Колку долго работиш во продажба и кој дел од твојата професија најмногу ти се допаѓа?
- Мојата работа во продажба трае 7 години од кои 3 години работам во компанијата Божиновски. Омилениот дел од работата: задоволен клиент и успешно завршена продажба! Тука во Божиновски, не станува збор за обична продажба, туку за задоволување на најфините потреби на пребирливи клиенти кои точно знаат што сакаат. Предизвикот е огромен, задоволството уште поголемо.
* Како одговорна за продажен салон, колку сметаш дека тимското работење е значајно и на кој начин вашата компанија го одржува тимскиот дух?
- Тимското работење е клучен и најважен дел од секојдневието кое го одржуваваме преку позитивната атмосфера за работа, меѓусебно почитување, размена на идеи, отворен однос и комуникација.Team work makes the dream work.
* Александра, која е тајната според тебе на добропознатата фраза „Sell me this pen“, што треба да поседува еден асистент за продажба за успешно да си ја извршува работата?
- Асистентот за продажба треба да има изразени комуникациски и презентациски вештини, способност за градење и развивање на професионален однос со клиенти, целовитост и посветеност при извршувањето на секојдневните работни задачи, проактивност, организираност и ориентираност кон остварување на резултати.
* Тимот на Божиновски се проширува со нов продажен салон во East Gate Mall, кои позиции се отворени и кои карактеристики треба да ги поседуваат кандидатите за да се вклопат во тимот?
- Точно за потребите на новиот продажен салон моментално е отворена позицијата Асистент за продажба, сите комуникативни и амбициозни девојки и момци кои имаат желба да учат и да се надоградуваат се добродојдени во нашиот тим. Апликациите можат да ги пратат на следната емаил адреса: contact@bozinovski.com.mk.
Овде е линкот до огласот Асистент за продажба на Божиновски часовници и накит.