Заеднички да прославуваме уште многу јубилеи: Среќен роденден Ана!

Нејзината поезија е лек и во овие времиња кога не знаеме дали некогаш ќе дојде крај на лудилото кое го погоди светот. Нејзината поезија е лек за сите љубовни рани. Нејзината поезија е лек за сите скршени срца. Нејзината поезија е мотив за да се продолжи со животот. Стиховите кои ги испишува со своето перо сечиј ден го разубавуваат и ги будат најдлабоките емоции.

Да, сигурно веќе насетивте - зборуваме за поезијата на нашата Ана Бунтеска, жената која одликуваат храброста и бунтовноста. Секогаш уникатна и енергична, одлучна да му се спротивстави на светот и да го победи животот со љубов.

Со нас е од првиот ден, на секој нејзин стих плачеме или се смееме секојдневно, а во понеделничките муабети го дознаваме нејзиниот став за темите од животот, но и оние кои се актуелни во моментот. 

Заеднички да прославиме уште многу јубилеи, а најмалку како твојот јубилеен 50-ти роденден. Живели наша Ана!

Женски магазин