Заев: Забележуваат луѓето, ни кажуваат - администрацијата ви шета, не работи

 По една година следење на администрацијата - за огромен процент се покажало дека не сработиле ништо.

Премиерот Зоран Заев во вчерашното гостување на јавниот сервис откри многу интерсни сознанија за тоа колку дел од јавната администрација не си ја работела својата работа за која е платена. 

Мора да се потсредиме, мора ние функционерите да бидеме пример за сите. Сите директори кои Владата ќе ги именува треба да знаат дека кршење на закон ќе значи затвор, а неетичко однесување ќе значи оставка или разрешување, нагласи Заев пред новинарите. 

„И на крајот, треба да работиме. Го кажав во експозето, го кажувам и сега. Не може наутро, одиме на работа, во 8 часот или во 8.30, кафето да го испиеме, весникот да го прочитаме, да искоментираме нешто, и надвор. Забележуваат луѓето, ни кажуваат - администрацијата ви шета, не работи. А најголем дел од парите од буџетот одат за асминистрацијата. Не може така, работното време е 8 часа. Значи и да не е добар работник, кога ќе седи осум часа на работа, ќе смисли некоја работа, па ќе сработи некој предмет повеќе. Еве кажувам еден пример. Во Владата пред една година поставивме комплетен механизам на следење на работата на администрацијата - во Генерален секретаријат и во Кабинетот на премиерот. Инаку, јас кога дојдов како претседател на Владата останаа сите луѓе да работат, се разбира тие што сакаат да работат. Некои сами заминаа, отидоа во други институции. И сега, врзан е целиот систем на предмет во архива. И ако немаш предмет, немаш во архива задолжено предмет, ти немаш што да работиш. Значи, ти можеш да доаѓаш секој ден и да си се отчукуваш со картичката секое утро и секое попладне, ама ништо не си сработил. 

И огромен е процентот на луѓе за кои се покажало дека после таа година, не работеле ништо. Што треба сега да направи премиерот и генералниот секретар. Треба да им каже - фала дечки, нема потреба од вашето работно место. Или, нема предмети за вас, или не ги работите предметите. Ефикасноста мора да ја зголемиме. Велиме ќе ја достигнеме платата до 34 илјади денари, но таа плата треба да се сработи. Инаку, има огромен врој луѓе кои земаат 40 илјади денари плата, а работат за 80 илјади. Но има гполем процент луѓе кои не си ја сработуваат работата за платата што ја добиваат“, беше категоричен првиот човек на Владата.   

Додаде и како мора вистински да функционира правдата за сите граѓани. 

„Правдата за граѓаните значи полицаецот не само да ги казнува сиромашните, туку и богатите, а не богатиот да не го казнува затоа што му завршил некоја работа. Или, инспекторот оди во фирма за да го заштити работникот, а му се јавува на газдата дека ќе дојде во контрола. Тоа не е правда“, нагласи премиерот Заев.