Заева, Мицкоска и Ѓоргиевска на ниво: За изборите во топ форма и со стил

Политичките избори можеби не се место каде најдобро се гледа модниот стил на одредени личности од политичката сфера, ама тоа не значи дека не треба да бидат на ниво во тој поглед. 

На актуелните избори за градоначалници кои се одржаа вчера имавме можност да ги видиме и жените на нашите политичари кои го искористија своето право на глас.

И мора да признаеме дека навистина се потрудиле. Овде не се работи за плукање кон одредена личност (читај политичка ориентација, ставови и слично) туку едноставно за нивниот стил на вакви настани.

Сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева навистина остави впечаток со својата „изборна“ облека. За оваа пригода избра костим кој ја следи линијата на телото, наликува на крој од машкиот костум, а го комбинирала со маичка наместо со кошула. Полн погодок бидејќи понекогаш кошулата може да го „задуши“ ваквиот изглед. Плус, сето тоа усогласено со вратоврската на премиерот.


фото: официјален Фејсбук профил Зоран Заев

Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски ја гледаме во малку порелаксирано, но модерно издание. Мантилот кој наликува на култниот „Барбери“ мантил многу вешто го избрала да ѝ биде моден заштитен знак тој ден. Исто така, воодушевува и чантата која ноншалантно, но отмено го „зачинува“ нејзиниот изглед.


фото: официјален Фејсбук профил Стево Пендаровски

Рози Мицкоска, сопругата на Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ исто така изгледа стилски допадливо. Таа се одлучила за нежна кошула од свилен сатен кој е материјал број еден за оваа сезона. Соодветно ја комбинирала со долниот дел од облеката.


фото: видео/printscreen официјален Фејсбук профил Христијан Мицкоски 

Р.Ж.М