„Жал ми е за убавите девојки кои се оперирале и сега личат на виршли“: Тања Бошковиќ без влакна на јазикот за естетските зафати

Зборувајќи за убавината, актерката Тања Бошковиќ истакна дека верува дека таа доаѓа од внатре, а секое „подобрување“ е смешно и непотребно.

И покрај годините, српската актерка Тања Бошковиќ сѐ уште изгледа прекрасно, а како што откри, не троши премногу време на физичкиот изглед и дотерувањето. Иако неодамна наполни 69 години, тоа по нејзиниот изглед никако не би можело да се каже, а една од балканските најубави актерки е жесток противник на естетските корекции и операции.

Многумина коментираа дека годините за неа се само бројка и дека Тања треба да биде пример за многу млади девојки денес.

View this post on Instagram

A post shared by Partizan.net (@partizannet)



Еднаш актерката ја откри тајната на нејзината убавина и испрати силна порака до младите жени:

- Жал ми е за убавите девојки кои имаа потенцијал, но направија операција и сега личат на пластични виршли. Што се однесува до мене, цел живот се смешкам и шетам насекаде, тоа е тајната на мојата убавина, откри еднаш Тања и додаде:

- Убавината е внатре. Никој од овие со силикони во уста, оперирани, нема да разбере што зборувам. Џабе ти се силиконите, кого ќе залажуваш, себеси во огледало, м? Тоа е навистина смешно. Замислете ги тие девојки што ставаат импланти во јаболчниците, градите, не знам каде повеќе... Што ќе родат? Што е тоа? Тоа е и глупаво и непотребно. А жените на моја возраст се обидуваат да ги испеглаат брчките! Што се обидуваат да си кажат?

Овие очи не можат да бидат измамени. Го знам животот што го живеев. Тоа ми е најубавото нешто. Знам кога бев зарѓана и кога паднав и колку измачена станував. И што ми е гајле?, искрена е актерката.

Иако е во пензија, често можеме да ја видиме во театар, а останатите денови, вели дека знае како да си ги исполни.

- Јас сум пензионерка и имам право да правам што сакам без да морам да правам ништо. Понекогаш пуштам тишина во мојот ум, тоа е најтешката работа. Сакам да пливам, претежно пешачам во текот на животот, избегнувам возење, сакам да се дружам со луѓе, имам долгогодишни пријателства. Мислам дека тоа го прави здравјето, а наша должност е да се грижиме за здравјето. истакнува таа.

Тања во слободно време се занимава со рачна работа, средува и преуредува, гради, прави, црта...

- Сивите ѕидови ме нервираат. Сакам убавина, убави градини и сакам да ги средувам. Ми се допаѓа да е уредно и убаво. Сакам да гледам спорт, но не е одмор тоа, се нервирам. Вистинскиот одмор е преку физичка работа, така ја одржувам линијата – открива актерката.

Исто така, кога еден новинар неодамна ја прашал како успева да одржи таква прекрасна фигура, познатата актерка одговорила на нејзин духовит начин.

- Сине, гладна сум од 1968 година, одговорила Тања, а потоа додала.

- Можам да живеам без струја со грст храна. Јас сум со добра градба, материјал и можам да преживеам. Преживеав бомбардирање, преживеав глад, преживувам сиромаштија. Преживеав се и уште имам сила. Веќе немам толку мускули. И повеќе не сум толку гласна, едноставно затоа што стана модерно да се зборува гласно, некохерентно и крајно бескорисно за целиот мој народ – заклучила актерката.


izvor: kurir.rs

Тања Бошковиќ: Ги презирам жените кои со вбризгување отров во лицата, мислат дека нивните очи ќе бидат помалку ранливи!