Замислете да ја навредуваат вашата мајка, сестра, ќерка: Јелена со порака до сите кои ја гледаат само тежината на една жена

„Наместо да зборувате за мојата тежина, зошто не зборувате за моите достигнувања? Дали мојата тежина одредува колку вредам? Лесно е да се суди, но зошто луѓето не можат да бидат љубезни? Треба да зборуваме за внатрешна убавина, а не за површен изглед. Покрај тоа, можеби сум бремена или минувам низ тежок период. Никогаш не знаете какви битки води некој. Ставете се во позиција на оној кој е вреден. Замислете да ја навредуваат вашата мајка, сестра или ќерка“ 

Јелена Докиќ има силна порака до сите кои не гледаат повеќе од тежината на една жена.

Познатата српска тенисерка се појави во јавноста по подолга пауза и предизвика многу коментари, а најмногу се однесуваат на нејзиниот изглед.

Една од најперспективните тенисерки од нејзината генерација, Јелена Докиќ, ја изненади Серена Вилијамс пред неколку дена, кога се појави на теренот на Австралија опен по победата на славната Американка, за да ја интервјуира.
Двете поранешни ривалки имаа забавен и опуштен разговор, а Докиќ, меѓу другото, рече:

- Убаво е што повторно се гледаме на теренот, кој порано го делевме. Ти сè уште го правиш она што го правеше, јас сега сум во друга улога. Се надевам дека ќе бидеш помалку брутална отколку кога игравме тенис, малку сум нервозна да те интервјуирам - ѝ рече Јелена на Серена.

Серена и Јелена разговараа за тенисот, модата, мајчинството, па дури и уметноста и архитектурата, но по ова интересно интервју, голем број коментари на социјалните мрежи се однесуваа на изгледот на Докиќ.

Но, таа одлучи да не молчи, па им се обрати преку Инстаграм, на сите оние кои не можат да видат ништо повеќе од нејзината тежина и не се двоумат арогантно да ја коментираат.

- Треба да се срамите! Ако немате што убаво да кажете, не кажувајте ништо. Зошто не покажете малку љубезност? Зошто не ме прашате како ми е? Наместо да зборувате за мојата тежина, зошто не зборувате за моите достигнувања? Дали мојата тежина одредува колку вредам? Лесно е да се суди, но зошто луѓето не можат да бидат љубезни? Треба да зборуваме за внатрешна убавина, а не за површен изглед. Покрај тоа, можеби сум бремена или минувам низ тежок период. Никогаш не знаете какви битки води некој. Ставете се во позиција на оној кој е вреден. Замислете да ја навредуваат вашата мајка, сестра или ќерка - рече Јелена.

Таа сподели свои две фотографии - на едната позирала пред пандемијата, на другата неодамна и има јасна порака за сите.


- Секогаш бев искрена кога зборував за својата борба со килограми. Зборував за мојата тежина, а нема многу луѓе што го прават тоа јавно. Повторно ќе бидам искрена, но чувствувам дека треба да одговорам на негативните коментари и мислења за тоа како треба да изгледам. Мојата порака до вас е: прифатете го тоа - напиша поранешната тенисерка, „Оставете ме мене и мојот физички изглед“, додаде таа.

Докиќ спомена дека не ѝ е јасно зошто медиумите толку се занимаваат со изгледот на жените и истакна дека мажите немаат таков „третман“. Таа исто така откри дека периодот зад нас бил тежок за неа.

- Иако не сум ни близу до својата максимална тежина, искрено можам да кажам дека ја вратив тежината за време на карантинот во Мелбурн. Мене ми беше многу тешко психички во најстрогиот „карантин“ на светот, шест месеци, плус не ги видов моите најблиски 15 месеци.
Депресијата и вознемиреноста се вратија, имав внатрешна борба - истакна Јелена. Како што спомена, таа ќе продолжи да работи на своето здравје и кондиција, но само затоа што сака да се чувствува подобро.

извор:GLOSSY
фото: PROFIMEDIA / INSTAGRAM