Запознајте ја жената со најмногу тетоважи на светот: Нема „слободно“ место на телото

Нејзината опсесија започнала уште кога била тинејџерка, но тогаш ја направила својата прва грешка

Жената која ја доби „титулата“ најтетовирана жена на светот започна да го тетовира лицето откако остана без простор на остатокот од телото.


Беки Холт (33) го покри целото тело со тетоважи. Дизајнерката за внатрешен дизајн вели дека се навлекла на тетоважи уште во раните 2000-ти кога имала 15 години.

Беки од Поинтон проценува дека нејзините тетоважи вредат околу 35.000 фунти, иако потенцира дека некои ги добила бесплатно. Нејзина омилена, како што вели, е тетоважата со стихови од Дејвид Боуви на нејзиното чело.


„Останав без простор, а сакав повеќе“, рече таа и додаде: „Мислев дека никогаш нема да ги истетовирам рацете, вратот или лицето, но кога останав без простор се предомислив“.

Беки, вели дека нема шанси да ги изброи сите тетоважи што ги има, а некои се на интимни места.


Таа е популарна и на Инстаграм, каде ја следат повеќе од 10.000 луѓе. 

Пред еден месец роди и ќерка Аурора-Форест, a вели ќе го истетовира нејзиното име веднаш штом ќе се отворат салоните за тетовирање.

Нејзината опсесија започнала уште кога била тинејџерка, но тогаш ја направила својата прва грешка. - Кога имав 15 години, го истетовирав името на поранешниот на меѓуножјето.

„ Дефинитивно пораснав и се покајав, па го покрив со черепи“, рече таа.


Фото: Инстаграм/ beckyboltholt