Запросување на Божик, венчавка на Велигден: Љубовната приказна на Миле Јанакиески

Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески (40) и неговата две години помлада сопруга Сања биле повеќе од една деценија во врска пред да се заколнат на вечна љубов. Се венчале во духовниот храм „Св. Јован Бигорски“ за време на велигденските празнувања. Венчалниот фустан на Сања бил креација на популарниот дизајнер Ненад Секирарски. Дури и запросувањето било празнично, во романтичен зимски амбиент во Пампорово, соседна Бугарија.

Во едно заедничко интервју двојката откри дека се вистински гурмани и дека слабост им се патувањата. Често го посетувале Прилеп, родниот град на Миле, а особено уживале во Охрид и во селото Гиновци во околината на Крива Паланка.