Заштитете ја чувствителна кожа од сонце со SUNDANCE Med Ultra Sensitiv колекцијата од dm дрогериите!
Чувствителните типови на кожа имаат потреба од посебна нега на сонце.Се прашувате што значи чувствителна кожаи како да ја заштитите истата? Прочитајте во продолжение!
Во лето сме посебно среќни. Зошто е тоа така? Сончевата светлина има многу корисни ефекти – го стимулира ослободувањето на ендорфин и на тој начин ја стимулира и нашата среќа. Сепак, не смее да заборавиме дека сончевите зраци може да бидат штетни. Ова посебно важи за кожата која е чувствителна, склона кон иритации и алергии!
Но, што точно е чувствителна кожа? Чувствителната или сензитивна кожа ќе покаже различни симптоми кај повеќето луѓе. За некои, кожата станува затегната кога користите погрешни производи за нега или после премногу жешко туширање. Другите чувствуваат чешање или печење или дури се чувствителни на допир кога нивната кожа е иритирана од надворешни влијанија како што се сончева светлина, ветер или студ. Некои типови кожа реагираат и со дамки, акни и воспаленија. Токму затоа, луѓето кои имаат чувствителна кожа треба да користат специјални креми за сончање кои имаат посебна формула.
SUNDANCE Med Ultra Sensitiv
SUNDANCE Med Ultra Sensitiv линијата од dm е наменетатокму пред сѐ за чувствителна кожа и кожа склона кон алергии и иритации, кои се предизвикани од сонцето. Од креми и лосиони, па сѐ до гелови – оваа колекција ќе ве воодушеви со својот едноставен, а ефикасен состав. Хидратантната формула не содржи алкохол, алуминиумски соли, бои, конзерванси, парабени, парафини и парфеми, а оваа линија на производи е развиена во соработка со Германското здружение за алергии и астма.
Да не заборавиме и на нашите најмали и најмили - за нив има и посебни производи кои ќе станат нивните омилени придружници во топлите денови! Тие доаѓаат во практични пакувања во форма на рол-он или спреј и се идеални за секојдневна употреба бидејќи се наменети за детската нежна и чувствителна кожа.
Посетете ја најблиската dm дрогерија и пронајдете го омилениот SUNDANCE производ за безгрижно уживање под сончевите зраци!
Пр објава