Здрави или болни: Експерти ширум светот ги повикаа владите да го внесат витаминот Д во своите стратегии
Повеќе од 130 експерти потпишаа отворено писмо со кое ги повикуваат владите да го внесат витаминот Д во своите стратегии против коронавирусот.
Над 130 здравствени, научни и медицински експерти од Британија, САД и Европа велат дека постои јасен научен доказ дека витаминот Д го намалува бројот на заразувањата, хоспитализирањата и смртните случаи од ковид-19. Во писмото научниците повикуваат на брз и масовен почеток на внесување 4.000 меѓународни единици (ИУ) дневно (или најмалку 2.000) за здравите возрасни луѓе.
Истражувањата претходно сугерираа дека пациентите што се болни од заразата за да бидат хоспитализирани можат да претрпат помалку сериозни компликации доколку нивото на витамин Д им е доволно високо.
Експертите тврдат дека витаминот Д може да спречи коронавирусна инфекција, болест, па дури и смрт.
Во писмото се повикуваат здравите возрасни лица да го зголемат дневниот внес на витамин Д на најмалку 2.000 ИУ, или 50 микрограми (мкг), барем додека трае пандемијата. Потписниците на писмото тврдат дека витаминот Д е „исклучително безбеден“ дури и во високи дози, а повеќето од нив тврдат дека земаат најмалку 4.000 ИУ (100 мкг) на ден.
Според потписниците, кои потекнуваат од 24 земји, „глобалните модели и ризик-фактори за пандемијата на ковид-19 и недостигот од витамин Д прецизно се совпаѓаат“.
Повеќе по темата прочитајте на Фактор.мк