Здравјето ми беше загрозено, бев странец во моето тело: Пејачката Бојана Стаменов која ќе пее во Скопје, ослабе 70 килограми без хирушки зафат
Откако во 2020 година шеќерот ѝ се качил на 27.7 и забалежала дека почнува да го губи видот, српската пејачка Бојана Стаменов решила дека итно мора да се ослободи од вишокот килограми. Првично, се решила за операција на желудникот, но откако нејзината докторка се заразила со Ковид, Бојана почнала здраво да слабее. Со професионален тренер кој ѝ го одредил менито, а јадела разноврсна храна, таа вежбала и успеала да симне дури 70 килограми. Вели дека имала 185 килограми кога се измерила, а пред тоа и многу повеќе.
Пејачката која пее соул, џез и аренби е еден од најдобрите вокали во регионот, а ја претставуваше Србија на Евровизија во 2015 година, на 28 октомври доаѓа во Скопје. Ќе пее на концертот „Индекси и пријателите“ во Филхармонија.
- Досега еднаш сум била во Скопје како дел од една промотивна турнеја, гостував на една од вашите телевизии и успеав да видам малку од градот, многу сум приврзана за традиционалната музика на Балканот, од која македонска музиката дефинитивно ми е омилена“, раскажа за Женски магазин 36. годишната пејачка. На концертот во петок, таа ќе испее една од најпознатите песни на „Индекси“, која и денес се пее во многу прилики.
-За „Индекси“ сум приврзана уште од раната младост, благодарение на музиката што се пушташе дома. Јас сум голем фан на самиот бенд и ми е уште поголема чест да бидам дел од концертот и да ја пеам „Жуте Дуње“, ни изјави Бојана.
За својата важна одлука, да го смени животниот стил, откако станала лута и нервозна, и ѝ здодеално да се шегува на сметка на својата тежина и да бара различно столче кога одела во ресторан, Бојана вели:
- Се свртев кон здрав живот, тренинзи и правилна исхрана, бидејќи моето здравје беше загрозено. Се чувствував како странец во моето тело и, како што реков, моето здравје беше загрозено, од тешкотиите во движењето до инсулинската резистенција, и едноставно - решив да вртам нов лист“, вели пејачката и додава:
- Да, спијам подобро, можам полесно да се движам, сè е многу поедноставно, здравјето ми е целосно подобрено, го сакам животот!“, ни изјави Бојана.
Во 2015 година, во Виена, во Австрија, таа ја испеа песната „Beaty Never Lies“, на Евросонг, во која зборуваше дека треба да се прифатиме себеси какви што сме. Таа година, победи Кончита Вурст, а Бојана се пласираше на десетото место.
- Секако дека повторно би отишла на Евровизија доколку се случи вистинската песна, но ако не се случи, Евровизија за мене беше уникатно искуство кое никогаш нема да го заборавам“, ни изјави Бојана.
- Што се однесува до мојот приватен живот, работам на себе и се чувствувам добро, засега нема нови работи, а професионално снимам албум на англиски јазик со мојот „Бојана Стаменов бенд“. Паралелно, работам на неколку проекти на српски јазик. Во меѓувреме, со нетрпение очекувам да дојдам во Скопје и да настапам пред македонската публика - слушнав се најдобро за вас“, ни раскажа пејачката.
Милица Џаровска