Зекири не претпоставува како се заразил: Потврди дека се чувствува добро

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири кој објави дека е позитивен на Ковид-19 во разговор за Фактор потврди дека се чувствува добро, нема симтоми и не може да претпостави каде се заразил. Вели дека три месеци не излегол од дома и се однесувале одговорно поради тоа што имаат и мало бебе. Прв пат, како што вели излегол минатата недела и во четвртокот бил и на состанок во СДСМ.

„Јас тогаш бев за прв пат во партијата по подолго време. Имавме состанок на кој присуствуваше потесното раководство на партијата. Сите се известени. Потоа бев и на емисија со Игор Јанушев од ВМРО- ДПМНЕ со кога се слушнавме, вели Зекири.

Прва, некакви благи симптоми почувствувала сопругата поради што и се тестирале. Сега се позитивни сите тројца, односно позитивен е тестот и кај тримесечната ќерка.

Зекири потврди дека на состанокот во СДСМ ги почитувале препораките. Од СДСМ веќе известија за тоа. 

Игор Јанушев пак рече дека му посакува на Зекири добро здравје. 

Продолжува на Фактор.мк