Земав хероин и колабирав пред клубот, а потоа дојде тој: Ми го спаси животот!

Лав јасно стави до знаење дека е на страната на Деп за време на судењето за клевета, но сè уште има „емпатија“ за Херд

Во пресрет на судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд, американската пејачка Кортни Лав се присети како актерот ѝ го спасил животот по предозирање и ѝ помогнал во најтемниот период од нејзиниот живот.

Во моментот на инцидентот, Лав се соочувала со трагичната загуба на нејзиниот сопруг Курт Кобејн, кој изврши самоубиство во 1994 година на 27-годишна возраст. Двајцата се венчаа во 1992 година и ја добија ќерката Френсис Бин (29).

View this post on Instagram

A post shared by Courtney Love Cobain (@courtneylove)


„Ми даде прва помош откако се предозирав пред клубот Viper Room во Калифорнија. Бев зависник од хероин. Тоа се случи во 1995 година", рекла Корнти во видеото објавено на социјалните мрежи за време на викендот.


Клубот тогаш бил во косопствеништво на Џони Деп, деловен партнер на Ентони Ентони Фокс и Сал Џенко, и бил познат како место за собирање на холивудската елита.

Лав спомнала дека Деп во неколку наврати контактирал со нејзината ќерка Френсис. Таа тврди дека актерот ѝ напишал писмо на нејзината ќерка за нејзиниот 13-ти роденден, среде прераната смрт на татко и ѝ борбата на нејзината мајка со зависноста.

„Социјалната служба ѝ помогнаа на ќерка ми Френсис да го преброди тој период. Џони ѝ напиша писмо на четири страници и се обиде да ја утеши. Тоа го направи на нејзиниот 13-ти роденден. Тој и јас не се познававме добро во тоа време", продолжи пејачка која никогаш не го прочитала писмото, додавајќи дека актерот испратил лимузини за да ги земе Френсис и нејзините пријатели на училиште.

„Кога имала 13 години, ми кажа дека Џони ѝ го спасил животот“, рече таа.

Кон крајот на видеото, Лав јасно стави до знаење дека е на страната на Деп за време на судењето за клевета, но таа сè уште има „емпатија“ за Херд.

„Бев најомразената жена во Америка, односно во светот, многу пред да настане TikTok. Разбирам како се чувствува Амбер. Можете ли да замислите да бидете на нејзино место?", додаде таа. Таа подоцна одговори на коментарите во кои луѓето ја критикуваа за овој потег, а таа објасни дека не сака да зазема страна.

„Сакам да бидам неутрална. Нема да малтретирам никого. Доволно сум малтретирана во текот на животот", заклучила пејачката.

Деп, која беше во брак со Херд од 2015 до 2017 година, моментално се бори со неа на суд поради написот во Вашингтон пост од 2018 година, кој таа го напиша и се претстави како жртва на сексуално насилство. Судењето продолжува во петок, на 27 мај.


Фото: Профимедиа/pinterest/Инстаграм