Жена бара крвна плазма од човек што оздравел од Ковид, група Б+, за нејзиниот 40-годишен сопруг кој е во ,,8 Септември” на кислородна поддршка

Новинарката Мирослава, сподели апел на жена која моли за помош:

„Луѓе, ВЕ МОЛАМ ОД СРЦЕ, масовно да споделувате! Котеска Билјана од Ресен, бара крвна плазма од човек што оздравел од Ковид, група Б+, за нејзиниот 40-годишен сопруг кој е во ,,8 Септември” на кислородна поддршка. Човекот е хоспитализиран во 8 Септември 10 дена. Телефонскиот број е 078 452 919. Разговарав со жената, плаче цело време, вознемирена е, бара помош, да не си им во кожа на луѓево. Психичкиот стрес е голем. Фала!“