Жена се породувала во болница: Додека траел силниот земјотрес во Хрватска

Во болницата во Сисак, Хрватска жена се породувала кога се случил силниот земјотрес, при што бебето е повредено. 

Бебето сега е во инкубатор, известија тамошните медиуми. Штетите на болницата предизвикани од земјотресот се огромни: Целата единица за интерна медицина, Одделот за интензивна нега, хирургија, гинекологија, се срушени, а останува само новата зграда. 

„Сите пациенти ги преместуваме во новата зграда. Поголемиот дел од урнатиот дел веќе не е за употреба“, вели директорот Томислав Дујменовиќ.

Пациентите ќе бидат пренесени и во други болници, а некои ќе бидат пренесени со хеликоптери, јавуваат хрватските медиуми.
Вчера во Хрватска имаше земјотрес од 6.3 степени, при што загина едно девојче.  

-(ФОТО) Станот на познатата пејачка по земјотресот во Загреб: Не може да стапи во контакт со најблсиките
-Тресеше како да ќе нема утре: Јелена Јованова за земјотресите кои ја погодија Хрватска