Жената поради која се разведува најбогатиот човек на светот

Американскиот милијардер Џеф Безос, основачот на компанијата „Амазон“ и прв на листата на најбогати луѓе на светот според магазинот Форбс, објави дека се рзведува по 25 години брак.

-Сакаме да ве информираме за новините во нашиот живот. Одлучивме да се разведеме и да продолжиме како пријатели. Остануваме семејство, остануваме драги пријатели, наведоа Џеф и Мекензи Безос на нивните твитер-профили.

Џеф Безос со сопругата Мекензи

Само неколку часа подоцна, странските медиуми веќе почнаа да пишуваат за новата партнерка на Џеф, која наводно била причината за еден од можеби најскапите разводи во историјата. Станува збор за Лорен Санчез, некогашна водителка на временска прогноза на телевизијата „Фокс“.

Новата девојка на Безос наводно сѐ уште е во брак со Патрик Вајтсел кој неодамна и ги запозна. Атрактивната водителка ги затвори сите профили на социјалните мрежи и одбива да ги коментира гласините за наводната прељуба.

Џеф и неговата сопруга Мекензи имаат четири деца, а се запознале додека и двајцата работеле во иста фирма, многу години пред основањето на „Амазон“. Постои анегдота дека дел од стратешкиот план на компанијата е напишан за време на нивното патување со автомобил од Њујорк до Сиетл.

Богатството на Џеф Безос се проценува на 137 милијарди долари.