Жените со вишок килограми мора да слушнат што им порачал Џорџ Клуни...После ова не знаеме дали ќе го сакате уште повеќе
Непотребно е да се каже каков шмекер е Џорџ Клуни . Момците како познатиот актер се толку ретки што речиси секоја негова реченица може да се стави во бонтон книги, кои треба да се прочитаат пред спиење. Тогаш овој свет би можел да биде поубаво место, а жените секако би се чувствувале многу поудобно во сопствената кожа.
Актерката Џулија Вилан еднаш ги сподели со јавноста симпатиите што Џорџ Клуни им ги изрази на сите нејзини колеги и разбирањето на притисокот под кој се за да ја постигнат идеалната линија. Сè се случи за време на снимањето на серијата „ЕР“.
„Почнуваме со снимање, се прават последните подготовки, а потоа слушнав како некој тивко му вели на Џорџ: Слушна ли што ѝ кажаа на Јулија? (продуцентите)“.
Клуни: Дали и рекоа дека мора да ослабне?
- Да.
Клуни: Дали им рекла да од***ат?
- Да.
Клуни: Добро им кажала. „Тогаш се заљубив во него. Секогаш кога во текот на кариерата ми велеа дека треба да ослабам, го слушав гласот на Џорџ: Кажи им да од***ат“.
GC: Did they ask her to lose weight?
— JULIA WHELAN (@justjuliawhelan) February 23, 2018
Other person: Yup.
GC: And did she tell them to go fuck themselves?
Other person: Yup.
GC: Good for her.
Вилан додаде дека стандардите на Холивуд за женското тело биле брутални во 1990-тите, бидејќи „немало различност во изгледот на жените“, како што е случај денес.