Женски магазин ја посети Попова шапка: Фотогалерија од снежната убавица

Зимско-рекреативниот центар Попова Шапка веќе е покриен со белата снежна покривка, со која ги намами граѓаните овој викенд.

Снежната идила на Попова Шапка дефинитивно вреди да се доживее, покрај тоа, нема да потрошите многу бидејќи цените за храна и пијалоци се речиси идентични со цените во Скопје.

Попова Шапка се карактеризира со голем број на сончеви денови во текот на целата година и со снег од ноември до мај. Зимско-рекреативниот центар е оддалечен 18 км од Тетово, 53 км од Скопје.

Видикот од Попова Шапка е отворен кон соседните планини Јакупица и Солунска Глава, а во подножјето се наоѓа Полошката Котлина.

ГАЛЕРИЈА: