Женски Магазин награден на изборот „Сајт на годината 2019“

Женски Магазин е дел од наградените на изборот „Сајт на годината 2019“, што се одржа вчеравечер во просториите на ЕУ-инфоцентарот во Скопје (Europe House Skopje).

Нашиот веб-сајт со кој жените го започнуваат своето утро и си легнуваат секоја вечер, го освои третото место во категоријата „Мода и убавина“.

Тимот на Женски Магазин им се заблагодарува на верните читателки за огромната поддршка. Најдраги наши, за вас постоиме.

Дел од тимот на Женски Магазин

Им честитаме на нашите колеги од „Факултети.мк“, кои го добија главното признание за „Сајт на годината“, а покрај тоа беа победници и во категоријата „Образование, наука и култура“.

„Сајт на годината“ е манифестација која по десетти пат во Македонија ги избира најдобрите веб-сајтови во повеќе категории. За победниците одлучиле гласовите на публиката. Манифестацијата е организирана од „Media Solutions“ и системот за онлајн-реклами „Keep An Eye“.