Женски Магазин официјален партнер на првиот виртуелен самит на “Жени во маркетинг” индустријата

Во време на Ковид-19 кога несигурноста и неизвесноста од ситуацијата се наше секојдневие, се покрена иницијатива за поврзување на жените од маркетинг индустријата на светско ниво, а овојпат оваа иницијатива започна од Македонија.

Како портал фокусиран на промоција, еманципација и поддршка на жените со задоволство ја прифативме поканата да бидеме медиски партнер на овој глобален настан кој ќе се одржи на 28ми, 29ти и 30ти април.

„Настанот е инспириран од сите девојки и жени со кој секојдневно се среќавам на Академијата за дигитален макетинг во Creative Hub, жени кои сакаат да бидат независни, жени кои сакаат да развијат кариери, жени кои сакаат да бидат успешни во маркетинг индустријата.

Преку Creative Hub поттикнавме иницијатива која брзо се рашири низ светот. Имаме спикери од 13 земји, 4 континенти, жени кои се основачи на креативни, маркетинг и комуникациски агенции, дигитални маркетери, истакнати новинари, маркетинг директори итн. А особено ми е драго што оваа идеја започна овојпат од кај нас ‟ изјави Аријана Коскарова од Creative Hub, авторот позади оваа приказна.

Самитот е бесплатен, а сите заинтересирани може да се регистрираат на https://womeninmarketing.app.virtualsummits.com/