Женското тело не постои за да го задоволи погледот: Критики за статусот на Панчо ДНК

„Не е секој газ наменет за танга по плажа. Мислам имате огледало, многу едноставно се гледа“
Фејсбук статус на Панчо ДНК, кој предизвика бура од реакции, осудувајќи се да ги критикува жените/девојките за сметка на тоа како изгледаат на плажа во костими за капење.

Во меѓувреме целиот свет промовира anti body shaming движења. 
Инфлуенсери, познати личности, организации ширум светот се здружуваат да ги поддржат жените, да им кажат дека не се сами, да ги научат на себе-сакање, на самодоверба, дека изгледот не ги дефинира. 

Сепак за некои се' уште несфатливо е дека изгледот не ја дефинира жената, дека никој не треба да се срами од тоа како изгледа, и уште помалку поради тоа да му бидат ускратени права или сам да си ги ускратува за да им угоди на другите.

Малициозни коментари за сметка на изгледот на една жена се недопустливи, особено поразителни за жени и девојки кои цел живот се борат со ниска самодоверба и незадоволство од изгледот, а истите тежат многу повеќе кога доаѓаат од јавни личности кои треба да служат како пример во општеството.

Затоа, разбирливо е дека пејачот веднаш се најде на мета на јавноста и доби осуда и критики речиси од цела Твитер заедница, од познати личности и здруженија.

Имено Панчо го напиша следниов статус:


Феминистичката платформа „Медуза“ реагираше „Женските тела не постојат за ги задоволат погледот, желбите и фантазиите на извесни Панчовци“:

Антониа Гиговска е меѓу првите јавни личности која се огласи по повод статусот на Панчо ДНК - читајте на Хаштаг.

А Твитер заедницата прва застана во одбрана на жените:


**