Жешки сцени од јахтата: Италијанката Дилета во страствен занес со турскиот актер (ФОТО)

фото:Profimedia

Повеќето луѓе беа убедени дека врската помеѓу актерот Џан Јаман и новинарката Дилета Леота е само маркетиншки трик, но изгледа дека не биле во право. Ова дуо навистина ужива во меѓусебното друштво

Познатата италијанска спортска новинарка Дилета Леота (29) ужива во жежок одмор со своето момче, актерот Џан Јаман (31) во Турција, неговата родна земја.

Дилета и актерот беа фатени од папараците на луксузна јахта во Бодрум. Судејќи според фотографиите, парот не се воздржал од размена на страсти.

фотографии:Profimedia 

Имено, Џан ја објави првата заедничка фотографија со Дилета на почетокот на февруари годинава, со што ги потврди гласините за нивната романса.

Според италијанските медиуми, турскиот миленик на жените дошол во Италија заради деловни активности, заради снимањето на реклама за тестенини и серијата „Сандокан“. Повеќето луѓе беа убедени дека односот помеѓу актерот и новинарката е само маркетиншки трик, но се чини дека не е така. Ова дуо навистина ужива во меѓусебното друштво.

За потсетување, минатото лето атрактивната новинарка беше поврзувана со еден од најпопуларните фудбалери во светот, Златан Ибрахимовиќ (39). Сè беше дополнително зачинето со веста за нејзиното раскинување со боксерот Даниеле Торето Скардино (29).

Дилета е една од омилените новинарки во Италија со години, но и во странство. Покрај тоа, таа беше прогласена за една од најубавите жени во нејзината индустрија.

извор:24sata.hr

Дилета ужива во Турција: Саканата на турскиот заводник Џан ги почести фановите со фотки