Згрозени од одлуката, го прекинаа молкот: Се огласија Хари и Меган откако кралот Чарлс ги исфрли од куќата

Добивај вести на Viber

FOTO: Instagram screenshot

Принцот Хари и Меган Маркл потврдија дека кралот Чарлс ги избркал од нивниот замок во Велика Британија, пренесува Мирор.

„Можеме да потврдиме дека војводата и војвотката од Сасекс се замолени да ја напуштат својата резиденција во Фрогмор Котиџ“, изјави нивниот претставник за медиумите.

Омид Скоби, еден од авторите на биографијата на Хари и Меган, „Наоѓајќи ја слободата“, рече дека одлуката на кралот уследи по објавувањето на Хари на неговите контроверзни мемоари „Spare“ во јануари.

Тој тврди дека на парот им било кажано дека некој друг треба да живее во резиденцијата. Односите меѓу кралското семејство и Хари и Меган, додава Скоби, се полоши од кога било.

Според британските медиуми, Хари и Меган се згрозени од одлуката на кралот.

Наводно, им било кажано да ги отстранат своите работи од резиденцијата до летото, а првично им било кажано да ги соберат своите работи во рок од две недели.


Кралот ги исфрли Меган Маркл и принцот Хари: „Ова е нивниот крај и ништо нема да ги спаси“