ЗИМАТА Е УШТЕ МЕЃУ НАС: Неделава големи промени во временската прогноза

Ако сонцето кое викендов  го врати расположението и ви ги тргна мислите од студената зима, не радувајте се многу.

Временската прогноза која допрва следи нема д ави се допадне многу.

Метеоролозите најавуваат промени а денеска се очекува и силен ветер кој ќе биде увертира во промените кои доаѓаат од ноќеска.

Врнежи на пониските места а на планините снег од ноќеска па и заладување во деновите кои доаѓаат.

Од денеска повторно ќе паѓаат температурите а на некои пониски места ќе има и снег.

Што се однесува до температурите, минимумот речиси секаде ќе бидат под -10 а дневната ќе порасне најмногу до +7 степени Целзиусови.

Денес низ земјава ќе започне да дува умерен до наместа и засилен јужен и југозападен ветер, што воедно ќе биде и најава за промената која допрва следи. Очекуваме локално удари на ветер и од над 80 км/ч. До крајот на денот ќе настапи и наоблачување кое до вечерните и ноќни часови ќе услови и врнежи најпрвин на запад а потоа и на повеќе места низ земјава. Врнежите ќе бидат од дожд, а на планините снег.