Ѕирнете во домот на Новак и Јелена Ѓоковиќ: Луксузен стан од шест милиони евра, во Монте Карло (ФОТО)

Станот на Новак Ѓоковиќ, во Монте Карло, има прекрасен поглед на море, и секако ги олесни периодите на изолација за најдобриот тенисер во светот, а кои се случуваа во текот на изминатата година поради пандемијата.

Луксузниот стан на Новак Ѓоковиќ, кој се наоѓа на престижна локација, вреди околу шест милиони евра, а посебните „придобивки“ на Монте Карло се дека таму живеат некои од најдобрите тенисери во светот.

Ѓоковиќ има државјанство на Монте Карло, кое воедно стана основно живеалиште за него и неговото семејство.

Уште кога имал 17 години, тој бил фасциниран од овој град, дури и кога не живеел во него.

- Мојата тениска база отсекогаш била тука, дури и кога живеев во Србија. Ми се допаѓа што тука имам свое место каде што можам да се фокусирам на тенисот и тоа е многу важно за мене - рече тој за „Теnis world“ пред неколку години.

Иако споменатиот град е центар на тенискиот свет, Новак живее таму со своето семејство, па станот го прилагодија на нивните потреби за да стане вистински дом во кој секој има свој простор, особено децата.

Во центарот на станот има пространа дневна соба каде има голем телевизор на кој внимателно се следат тениските натпревари на нивниот татко.


Стефан и Тара имаат свое катче и мала библиотека со детски книги и играчки каде го поминуваат поголемиот дел од своето време, а Јелена организира разни интересни и креативни работилници за нејзините најмали.


Јелена Ѓоковиќ, директорката на „Фондацијата Новак“, како вредна деловна жена, направи еден дел од станот да биде нејзина канцеларија. Во близина има и голема библиотека каде има бројни книги во кои таа особено ужива.




извор:story.rs
фото:instagram