Животни лекции на Курт Вонегат кои сериозно ќе ве замислат

Писателот Курт Вонегат во 1995 година одржал преубав говор на дипломираните студенти на технолошкиот институт во Масачутес 

Уживајте во својата младост. Додека животот не ви се допаѓа, тој поминува. Верувајте ми, за 20 години ќе ги гледате фотографиите и ќе се сеќавате на работите кои сега не може да ги разберете. Колку прилики сте имале и како сте изгледале. Не сте ни биле дебели како што сте мислеле. Не грижете се за иднината. Реалните непријатности кои во животот се случуваат, никогаш не биле ваша грижа. Секојдневно правете нешто што ве плаши. Пејте. Бидете внимателни кон другите луѓе. Не грижете се за оние кои се рамнодушни со вас. Не губете го времете на завист. Понекогаш вие сте напред, понекогаш назад, борбата е долга, а на крај ја водите сами со себе. Сеќавајте се на комплиментите кои ги добивате, а заборавете на навредите. Не чувствувајте се лошо доколку не знаете што да правите со својот живот. Најинтересните луѓе кои ги знам на своите 22 години се' уште не знаеле како  да го живеат животот, а некои на 40 години се уште не знаат што сакаат. Може ќе се омажите, можеби нема. Можеби ќе имате деца, можеби не. Можеби ќе се разведете на 40 години, а можеби првиот свадбен танц ќе го играте на 75 години. Што и да правите, не се преценувајте и не се критикувајте. Уживајте во своето тело и не грижете се што другите ќе кажат. Телото е најубавиот инструмент кој ќе го имате. Танцувајте, дури и кога немате каде. Бидете благодарни на вашите браќа и сестри, тие се најсилната ваша врска во минатото и ќе ви бидат најголема поддршка во иднина. Сфатете дека пријателите доаѓаат и си одат, а вистинските треба да ги чувате. Почитувајте ги вашите родители, никогаш не знаете кога ќе си заминат. Не очекувајте некој финансиски да ве обезбеди. Можеби ќе имате свој инвестициски фонд, можеби сопругот или сопругата ќе биде богат, но никогаш не знаете кога ќе ве напушти. Сите еден ден ќе умреме, но важно е да веруваме во нешто. Ова е најтешко, бидејќи изгледа дека не постои ништо во кое би верувале.