Злите јазици ја нарекуваат „најгрдата среќничка“: Хју Џекман ја сака веќе 26 години и ништо и никој не може да им ја наруши среќата

Некогаш беше, а и се уште е голем заводник и еден од најубавите мажи во Холивуд, неговата партнерка е 13 години постара од него, а двајцата уживаат во бракот од 1996 година.

Хју Џекмен и Дебора Ли Фурнес, иако се обидуваат да го сокријат својот приватен живот, многу често се тема на медиумите, но ништо не може да им ја наруши среќата.

Често се предмет на злонамерни коментари кога ќе се појават во јавноста, но ништо не им ја нарушува идилата.
Овој пат славниот холивудски пар е фотографиран како се шетаат и делуваат многу среќни.

фото:PROFIMEDIA

Хју отсекогаш важеше за фатален маж, па неговата врска со Дебора беше изненадувачка, со оглед на тоа што многумина коментираа дека можел да биде со која било холивудска убавица, но тој ја избрал неа.
Луѓето одат дотаму што ја нарекуваат „најгрдата среќна жена на светот“, бидејќи успеа да го заведе и задржи еден од најпосакуваните мажи - згоден, славен, богат, шармантен -  Хју.

Тие денес се родители на две посвоени деца, а важат за еден од најхармоничните парови на јавната сцена, иако често се коментира дека Дебора личи на негова мајка, а не на сопруга, тие сепак уживаат во семејната среќа.

- Пред се, најтешко беше да дознаам дека јас и мојата сопруга не можеме да имаме биолошки деца. Кога станува збор за посвоени деца, сакавме да посвоиме барем едно дете покрај наши биолошки деца кои би ги имале, но на крајот посвоивме две. Кога се постави прашањето дали сакаме да посвоиме дете или да одиме на ин витро, немаше размислување. Морам да кажам дека, иако процесот на посвојување беше навистина тежок, депресијата веднаш исчезна и сега сме најсреќните родители на нашиот 17-годишен Оскар и 12-годишниот Ев. Не ги сметам за посвоени. Тие се наши деца – изјави еднаш актерот.

View this post on Instagram

A post shared by @thehughjackman

Судејќи по најновите фотографии, Хју и понатаму е згоден, посакуван и насмеан со жената што ја сака и не му пречат негативните коментари. Секоја чест за оваа љубов!

извор:GLOSSY
фото:instagram