„Зона“ диета-исхрана која намалува воспалителни процеси и килограми

Добивај вести на Viber

Од палео до кето, постојат толку различни диети што е тешко сите да се запамтат...

Ако сте една од оние личности кои се мачат со вишокот килограми и пробувате различни диети од време на време, можеби овој вид на исхрана ќе ви помогне во постигнување на вашата цел без влијание на здравјето. Диетата „Зона“ е нов вид диета која се базира на ниско калорични јаглехидрати и чиј ефект, покрај намалување килограми, влијае и на воспалителните процеси во организмот.

Одлучивме да ја истражиме оваа диета и да дознаеме дали е навистина ефикасна и здрава.

Што е диета „Зона“?

Оваа диета се базира на ниско внесување јаглехидрати и баласирана исхрана чија цел е намалување на воспалителни процеси во организмот и килограми. Ја креирал Бери Сирс, кој напишал и објавил голем број книги за диети. Главното правило е внесување на 30% протеини, 30% масти и 40% јаглехидрати, чиј однос би требало да го забрза метаболизмот и да ги намали мастите.

Како изгледа?

Лицата кои се на оваа диета треба да имаат три оброци дневно и 2 ужини меѓу нив, со извор на чисти протеини од пилешки гради или лосос, извор на јаглехидрати (воглавно од свежо овошје) и мала количина здрави масти, како маслиново масло, авокадо или ореви. Жените би требало да внесуваат 1200 калории, а мажите 1500.

Не постои лимит во конзумирање на исхраната, но диетата забранува внесување на тестенини и леб, како и овошје кое има голема количина шеќер - како банани, моркови, пченка и свежо грозје.

Дали е ефикасна?

Не постои доказ дека диетата „зона“ го забрзува метаболизмот и согорува поголема количина масти, но сигурно ќе изгубите килограми доколку ја следите, поради малата количина на калории и избегнување намирници кои генерално дебелеат. За поголеми ефекти е потребна , како и во секоја диета, физичка активност. Не е штетна по здравјето и може да ви помогне да се ослободите од лоши навики кога е во прашање исхраната.