Зорица Заева со драстична промена: Сопругата на премиерот блеска со нов изглед (ФОТО)

Секогаш е препознатлива и по добрата фризура. 

Зорица Заева, сопругата на премиерот Зоран Заев повторно изненади со изгледот. Овој пат, нејзината коса е драстично осветлена, а нејзиниот стилист за коса, струмичанецот Драган Гоцев - Даци се погрижил да изгледа беспрекорно како и секогаш.

За неа се знаеше дека црната коса и црвениот кармин ѝ се заштитен знак. Низ годините не ја менуваше бојата на косата.

- Се облекува така како што се чувствува, обожава исчистени линии, едноставна е, но и според тоа каков стајлинг ѝ наметнува настанот на којшто треба да се појави - изјави во една прилика Даци за Заева.