Зошто чистењето дома е најефективната антирепресивна терапија

Добивај вести на Viber

Зошто чистењето дома е најефективната антирепресивна терапија

Оваа активност ни дава чувство дека сè уште имаме контрола над ситуацијата

Бидејќи многу луѓе денес се наоѓаат во изолација или работат од дома за да го намалат ширењето на коронавирусот, сигурно и сте забележале дека имате необјаснива потреба да го чистите вашиот стан или куќа повеќе - не само затоа што тоа е суштински аспект на одржување на здравјето во моментот.

Чистењето, како што објаснуваат експертите, ни дава чувство дека имаме контрола и моќ над некои работи - дури и ако станува збор за организирање книги на полиците. Кога чувствуваме дека работите се далеку над нашата контрола, се придвижуваме кон ритуали како што е чистење за да се смириме.

Претходните истражувања покажаа дека кога луѓето се под стрес или вознемирени или не се во состојба да се смират, чистењето и уредувањето им помага, а кај некои луѓе, навистина има смирувачки ефект како медитацијата.

Животот е полн со неизвесност и многу ситуации кои не можеме да ги контролираме, но барем можеме да го контролираме нашиот простор за живеење. Нередот може да биде визуелно вознемирувачки и постојан потсетник за сè што треба да се прави, а чистењето да ни помогне да добиеме ред и да имаме контрола над нештата, велат експертите.

Кога барате начини да ги ублажите чувствата на беспомошност, чистењето е еден од многу корисните начини, вели клиничкиот психолог Џејми Закермен.

"Ако сте некој кој веќе го користи чистењето како стрес-олеснувач, опасноста од коронавирусот веројатно ќе ја зголеми таа потреба. Во човечка природа, поривот е да се придржуваме до добро познати модели, особено во време на зголемен стрес", вели Закермен.

Сепак, треба да се нагласи и дека не секој има ист афинитет кон чистењето, што би можело да биде поврзано со личноста на поединецот. Луѓето кои сакаат да чистат генерално имаат чувство за детали и се совесни, додека оние што не се грижат се повеќе спонтани и помалку организирани.

Сосема е во ред со чистењето да го исчистите вашиот ум во исто време и да се одморите од тешки мисли. Но, никогаш не треба да се користи како бегство од проблемот, велат експертите.


20 работи во домот што треба да ги чистите секој ден