Зошто денеска е најдепресивниот ден во годината

Третиот понеделник во јануари, според стручњаците се смета за најдепресивниот ден во годината. Во светот, денешниот ден е познат како Blue monday, или тажниот понеделник.

Оваа теорија ја развилe професорите на Универзитетот во Кардиф, Велика Британија, а подоцна се испоставило дека всушност се работи за маркетингшки трик, откако масовно ќе престане празничната еуфорија, а со тоа и пазарната моќ.

На лошото распложение на луѓето, се смета дека влијае финансиската состојба по новогодишните празници, лошото време и исчекувањето на пролетта и на летото. Психолозите сметаат дека се работи за емотивна празнина кај луѓето, беспарица по атмосферата на радост и прослави со пријателите и со роднините.

Како маркетингшки потег, целта е луѓето да се натераат повеќе да купуваат без оглед што се потрошиле во претходните недели, и токму поради тоа, во јануари се најголемите попусти во продавниците. Шопингот е познат по тоа што го подобрува расположението, особено кај жените.

За утеха, февруари, кој е најкусиот меец во годината, ќе дојде многу брзо.