Зошто е толку тешко една година да го прескокнеме летниот одмор ?

Се чини дека во моментот е „крај на светот“


Дали навистина сме толку навикнати да одиме на море секоја година, што не можеме да ја прескокнеме годинава и да не одиме?

Ќе има такви што сметаат дека е незамисливо, се разбира. A ќе има и такви што имаат многу поголеми грижи од тоа, затоа што можеби во овој тежок период ги загубиле своите работни места, така што морето не им е на памет. Секако, не треба ние да судиме дали едните или другите се во право, затоа што гледано од нивната перспектива, тие секако се во право.

Сепак, неможе да се негира фактот дека одморот на море и тоа како има придобивки за човечкото тело.


Зошто е добро да се оди на море?
Се повеќе и повеќе се зборува за корисните ефекти на морската вода врз здравјето, но и на морскиот воздух. Затоа не е изненадувачки што многумина, дури и во сегашната ситуација, едноставно не успеваат да замислат одмор без да одат на море.

Секако, има и такви кои веруваат дека Макеоднија е исто така идеална дестинација за одмор. Ова, се разбира, не може да се оспори, затоа што има преубави дестинации и кај нас. Сепак, ние немаме море, а многумина дури и не го замислуваат нивниот одмор без него.
Таканаречената таласотерапија вклучува третман со морска вода. Познато е дека дури и античките Грци користеле морска вода во терапевтски цели. Денес, оваа терапија се применува со цел лекување на артритис и болка во грбот, но и во рацете и нозете. Забележано е и корисното дејство на морската вода врз заздравувањето на раните, но и на кожата погодена од егзема или псоријаза.

Постојат и индикации дека морскиот воздух и пливањето во морска вода им помагаат на луѓето кои страдаат од астма или разни видови алергии.

Акумулираните штетни материи во човечкото тело ќе бидат многу полесни за елиминирање по капењето во морска вода.

Но, она што најчесто се наведува како причина за одмор на море е дефинитивно намалувањето на стресот. Без разлика дали тоа е затоа што одиме на море очекувајќи опуштеност и одмор во вистинска смисла на зборот, или едноставно затоа што го менуваме местото на живеење, забележано е дека стресот во голема мерка е елиминиран по летниот одмор. На море секако.

Сепак, дури и ако не успееме да одиме на море оваа година, секогаш имаме други опции. Престој во природа, пливање во едно од езерата кај нас, сончање. Ние не зборуваме дека тоа ќе биде еквивалентно на одмор на море, но може да биде корисно.


Уморна сум: Короната ни украде година живот