Дигитализација може да има огромно влијание врз напредокот на земјите од Западен Балкан. Дигиталниот самит во Скопје е еден важен чекор во креирањето на свест за овој факт, како и за дејствување во таа насока. Идејата се базира на иницијатива покрената од Дојче Телеком, Комитетот за источно-европски економски односи на германското стопанство и германската сојузна влада.Нашата амбиција е да ја поттикнеме соработката на земјите од Западен Балкан во областа на дигиталната трансформација за цели на забрзување на економскиот просперитет и интеграцијата во ЕУ. Ја поддржуваме дигиталната писменост како предуслов за успех на секој граѓанин, но и за економијата и политичката стабилност коишто ќе имаат придобивки од дигитализацијата. Самитот е замислен да претставува постојана платформа за поддршка на овие амбиции.Дојче Телеком активно учествува и придонесува кон програмата на самитот.Заедно со другите партнери, ние сме дел од Студијата на Иницијативата за земјите од Западен Балкан (WB6+) за „Влијанието на дигиталната трансформација врз земјите од Западен Балкан" која што ќе биде презентирана на првиот ден од Самитот.
Некои основни наоди од студијата се дадени во продолжение:
1. Заедничка дигитална стратегија на земјите од Западен Балкан (WB6+ односно Словенија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово*) ќе ги забрза напорите за интеграција во ЕУ.Таа предвидува побрзи промени во однос на владеењето на правото, помага да се создаде функционална пазарна структура во регионот и ја поттикнува модернизацијата на администрацијата и општеството.
2. Дигитализацијата ќе ја зајакне демократијата, ќе го поттикне економскиот просперитет и ќе создаде отворено општество во регионот.
3. Регионалната соработка е суштински столб за успешна и одржлива дигитална трансформација.
4. 10% зголемување на индексот на дигитализација води до раст од 1% во БДП
5. Инвестициите во инфраструктурата од страна на приватни инвеститори во комбинација со силните напори на регионалните влади за промовирање на дигиталната трансформација, вклучувајќи го и образованието на младата генерација, претставуваат голема шанса за земјите од регионот и нивните граѓани директно да „скокнат“ од крајот на 19 век во 21 век.
Срини Гопалан, член на Одборот за Европа, е еден од говорниците на Телеком на самитот.Неговите главни пораки од панелот за дигитални вештини се: „Дигитализацијата е дел од нашиот секојдневен живот. Таа веќе го смени нашиот начин на комуникација, работа и живеење, дури и нашиот начин на размислување - дигитализацијата повеќе не е само еден модерен збор како што беше веќе некое време. Дигитализацијата е реалност, таа ги доближува луѓето, помагајќи им да споделуваат идеи и производи, збогатувајќи ги нивните животи. “
Како што рече Гопалан:„Дигитализацијата е интеграција - интеграција на пазарите, индустриите, општествата. Со елиминирање на дигиталниот јаз, се креираат нови можности ширум спектарот.“
ДТ е присутен во земјите од Западен Балкан повеќе од 15
години.
Хрватски Телеком, Македонски Телеком, Црногорски Телеком и Телеком Албанија се
подружници од почетокот на 2000-тите. На сите
пазари, нашите подружници се лидери на пазарот во областа на телекомуникациите.
Овој регион е многу важен за ДТ и нашата цел е
унапредување на нашето технолошко лидерство во овој регион и прифаќање на
дигиталната трансформација.
„Одличната студија за влијанието на дигиталната
трансформација врз земјите од Западен Балкан што беше презентирана од Флоријан
Бибер и Марушка Визек јасно покажува дека дигитализацијата, дигиталната
писменост и соодветните рамковни услови ќе придонесат за изградба на нови
перспективи за Западен Балкан. Тоа ќе
помогне и за намалување на се уште проблематичниот „одлив на мозоци“ односно
квалификувани луѓе ", истакна Гопалан.
„Економските
придобивки од дигиталната трансформација можат да се материјализираат преку два
канали.Прво, дигиталната трансформација може да поттикне
иновации и значително да ја олесни интернационализацијата преку забрзана
скалабилност. Второ, преку поефикасни процеси и технологии, ќе се намалат
трансакциските трошоци, продукциските трошоци како и бариерите за влез на
пазарот. Тие може да бидат особено корисни во земји со неповолни демографски
изгледи, така што растот и развојот значително ќе зависат од способноста да се
остварат компаративни предности. “
Резултатите од студијата покажуваат дека процесот на дигитална трансформација
на општествата го зајакнува растот, бидејќи 10% зголемување на индексот на
дигитализација е поврзан со раст на БДП од 0,63% во земјите од Западен Балкан.
Затоа, усвојувањето политики кои ја интензивираат дигиталната трансформација може да ги подобри регионалните економски резултати и да ја забрза конвергенцијата на приходите помеѓу регионот и ЕУ.
Иако ветувањето е дадено и неодамна беше повторено од страна на ЕУ, предизвиците и понатаму се застрашувачки, и бараат значителни промени во однос на владеењето на правото, елиминирање на заробеност на државата, создавање функционални пазарни економии кои можат да ги поддржат пазарите на ЕУ, како и општества кои се подготвени за предизвиците на членство.
„Дигитализацијата бара безбедност. Исто како што дигиталниот простор не ги следи нашите географски карти, сајбер безбедноста не застанува на националните граници. Затоа, ни треба обединета Европа - во реалниот свет, како и во сајбер просторот. И Сајбер-Европа е само првиот чекор кон еден глобален сајбер безбедносен простор. И секогаш мораме да бидеме свесни: најслабиот елемент го одредува целото ниво на безбедност во синџирот“, тврди Томас Кремер, член на одборот одговорен за приватноста на податоците, правни прашања и усогласеност, како говорник на Телеком на панелот за доверба и безбедност на самитот.
„За да се обезбеди глобална сајбер безбедноста потребна ни е меѓународна соработка. Потребен ни е европски, или уште подобро, глобален пристап со посветеност. На пример, интеграцијата на сајбер безбедноста во правото на нациите. Или со спроведување на меѓународни стандарди, како што е европската Општа регулатива за заштита на податоците. Затоа, ги цениме иницијативите на земјите од Западен Балкан да бидат усогласени со европска директивата за безбедност на мрежа и на информации и би сакале да ја охрабриме ЕНИСА да најде решенија за интегрирање на соседството на ЕУ во обновената структура, за која што во моментов се дискутира во Брисел “.
Историјат: ДТ и Западен Балкан во бројки
Дојче Телеком работи во 4 земји од Западен Балкан.
· Хрватска – Хрватски Телеком (51% ДТ)
· Црна Гора – Црногорски Телеком (76,53% Хрватски Телеком)
· Република Македонија – Македонски Телеком 51% Маѓар Телеком (ДТ е сопственик на 59,3% од Маѓар Телеком)
· Албанија – Телеком Албанија 99,79% OTE (ДТ поседува 45% од OTE)
Број на корисници на крајот на 2017 година:
Линии за пристап на фиксна мрежа: 1.3
милиони
од кои линии за пристап на широкопојасни услуги:900 илјади
Корисници на мобилна телефонија: 5,75 милиони