ЗОШТО ВЕЖБАЊЕТО ВЕ ПРАВИ ПОПРИВЛЕЧНИ

Добивај вести на Viber

Сакаш да бидеш привлечна, да те сакаат...  Дали има некој од нас на кој не му е важно тоа? Добро, можеби некоја од вас ќе рече дека тоа не е вистина, дека не и е гајле што другите мислат за неа. Но ако не сега (иако не верувам во тоа дека не ви е важно J ), барем во одреден период од животот, можеби во тин периодот, секој-а се прашува што е тоа кај мене што би било привлечно, без разлика дали се работи за љубов или можеби само пријателство. Зошто некој би ве сакал, би сакал да биде со вас или до вас?! Како да бидете омилени во своето друштво?
Дали за некој да ве сака, треба да имате убаво лице, убаво тело, да сте облечени по најнова мода или пак има некоја друга мистериозна тајна?
И зошто понекогаш има случаи кога некоја жена е убава, згодна, паметна, успешна во кариерата, а сепак несреќна во љубовта или не толку омилена во друштвото?

Многу, многу прашалници, а одговорот е можеби едноставен – НАЈПРВИН ТРЕБА ВИЕ ДА СЕ САКАТЕ И ПОЧИТУВАТЕ, за да можете да очекувате другите да ве сакаат и да им биде убаво во ваше друштво. 

И ЗОШТО И КАКО БЛАГОДАРЕЈЌИ НА ВЕЖБАЊЕТО СТАНУВАТЕ ПОПРИВЛЕЧНИ?!

Неее, не е тоа што мислите.
Негувајќи ги телото и умот, обликувајќи го телото, почнувате да се чувствувате прекрасно, почнувате да уживате во вежбањето, во резултатите од него, почнувате да се чувствувате комотно  и убаво во својата кожа, но уште поважно, почнувате да уживате и во животот воопшто. Вежбајќи, ја трошите негативната енергија, мислите ви се чисти, телото ви се затегнува, се обликува, а самиот процес е вистинско уживање.
Како се подобрува вашата форма, кондиција, линија на телото, самодовербата почнува да расте до небо. Исполнети сте, среќни, полни со позитивна енергија. ПОЧНУВАТЕ ДА СЕ САКАТЕ СЕБЕ! Се чувстувате како да сте на врвот на светот. Во вашите очи, во вашите мисли вие веќе сте НАЈ, прекрасно е да се биде ЈАС! Да, тоа е можеби само субјективно чувство и реално, секогаш има поубави, позгодни, попривлечни и тоа е пред се затоа што сепак и тоа е субјективно и зависи од вкус. Она што за некој е привлечно, за некој друг не е. Има една изрека која вели „УБАВИНАТА Е ВО ОЧИТЕ НА ТОЈ ШТО ГЛЕДА“. Но, она што е најважно, без разлика дали објективно вие сте или не сте на „врвот“, кога сте во одлична форма, вие се чувстувате како да сте НАЈУБАВИ, НАЈЗГОДНИ, НАЈУСПЕШНИ, НАЈСАКАНИ...

  Кога сте ФИТ, радоста, среќата, задоволството, самодоверата, сето тоа што го чувствувате внатре во себе, почнува енергетски да се манифестира и кон надвор. Тоа почнуваат да го чувстуваат но и го гледаат и луѓето околу вас. Ајде, признајте, дали на вас, а и на секој од нас ни е пријатно во опкружување со луѓе кои се позитивни и со убава енергија или со напнати, нервозни или пак безенергични, флегматични луѓе. Исполнета и реализирана личност е позитивна и е привлечна секому. Секој сака да биде во друштво со пријател-ка која е полна со самодоверба, насмеана, која зрачи со оптимизам и позитивна енергија околку себе и тоа успева да го пренесе на сите околу неа. Секој сака да има таква личност за партнерка во љубовта, да има таква личност за пријателка, другарка, колешка.
Затоа, не чекајте да дојде „УТРЕ“. Земајте ја опремата и СЕ ГЛЕДАМЕ НА ТРЕНИНГ! 
 

Проф. Лазар Иванов, професионален тренер по Микс Аеробик и Фитнес

Сите права се задржани