Ги мразеше штиклите а беше модна икона: Приказната на Грета Гарбо

Една од најголемите холивудски диви на сите времиња Грета Гарбо приватно не го сакала гламурозниот стил. Се облекувала едноставно, практично и андрогено, а најважно и било во облеката да се чувствува удобно. Нејзиниот пријател, уметникот Сесли Битон, го опишал нејзиниот стил на облекување како мешавина од нешто што би носле уличен бандит, Робин Худ и некој од древна Грција. Обожувала да носи големи гусарски шешири, блузи и каиши кои и давале изглед на романтичен женски витез. Грета Гарбо ја популаризираше  ролката, но и уште пет вонвременски модни икони кои никогаш нема да излезат од мода. Во продавниците и денес можете да купите пет парчиња со кои ќе го копирате стилот на Грета и секогаш да изгледате како дама!  

  1. Црни панталони со широки ногавици
Грета Гарбо е меѓу првите жени кои носеле панталони во јавноста. Сакала да вежба и да поминува време во природа, па сметала дека панталоните се идеална комбинација за такви ситуации. „Веројатно сум најзадоволна со тоа што се борев за правата на жената да носат панталони. За секој ден и време поминато во природа, панталоните можат да бидат здрава алтернатива“, рекла своевремено една од најубавите жени во светот.
  1. Блуза со машна
 Со панталоните комбинирала еднакво удобни и едноставни блузи, а целата комбинација ја подигнала со машна на блуза врзана кај вратот.  
  1. Мантил
Парче за чија популарност Грета можеби е и најмногу заслужна е мантилот. За време на студените месеци сакала да го носи преку џемпер, а задолжително морал да биде „стегнат“ со каиш и кренати јаки.

  

  1. Чевли оксвордки
За штикли, во плакарот на Грета Гарбо немало место. Таа носела чевли со рамна пета, а најмногу класични, фини и помалку конзервативни „оксфордки“ на врзување. Оксфордките ја обележаа минатата есен и пролет, а и сега се носат на големо.  
  1. Шешир
Гарбо носела интересни шешири во филмовите, и во вистинскиот живот. Обожувала големи пиратски шешири, баретки, мали кружни шешири... „Покривката“ за глава за филмска и модна икона бил апсолутен "must have".